Фановите на OnePlus паметните телефони веќе некое време бараат од кинеската компанија конечно да ја имплементира опцијата за безжично полнење за своите смартфони, а ова конечно би можело да се случи со претстојната OnePlus 8 серија. Ова го сугерира WPC (Wireless Power Consortium) листингот.

Пред извесно време, Oppo беше прикажан на WPC сајтот, со што беше сугерирано пристигнување на телефон на Oppo со безжично полнење, а сега на листата е и OnePlus. Ова е јасна назнака дека претстојните OnePlus телефони ќе ја прифатат споменатата технологија.

Засега не е познато со сигурност дали OnePlus 8 серијата ќе биде прва што ќе ја добие опцијата за безжично полнење или тоа ќе се случи и со телефоните, кои компанијата ќе ги претстави во текот на есента.