Компанијата OnePlus го претстави новиот член на својата понуда смартфони од средниот ранг, а тоа е Nord CE 5G.
Ознаката CE е кратенка за Core Edition, што е показател дека компанијата OnePlus се фокусираше на клучни работи, наместо на „надувување“ на спецификациите со непотребни додатоци. Паметниот телефон ќе се продава во Индија и Европа, а се работи ѝ малку „посиромашна“ верзија на минатогодишниот модел Nord.
На задната страна се наоѓа главната камера од 64 MP, ултраширока од 8 и монохроматски сензор од 2 MP, додека однапред е селфи камерата од 16 MP.
Уредот го покренува Snapdragon 750G процесор на Qualcomm спарен со 6, 8 или 12 GB RAM меморија, но овие опции варираат во зависност од регионот. Го напојува батерија од 4.500 mAh, која поддржува Warp Charge 30T Plus брзо полнење. Потребни се 30 минути за полнење на батеријата од 0 до 70 проценти од капацитетот.
Паметниот телефон доби 6,43 инчен OLED екран со резолуција од 1.080p и брзина на освежување од 90Hz. Купувачите ќе можат да избираат помеѓу сина, црна и сребрена боја.
За моделот со 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија ќе бидат потребни 329 евра, а за моделот со 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање ќе треба да се издвојат 399 евра. Европскиот пазар ќе добие и верзија со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија по цена од 299 евра.
Поврзани артикли