Huawei на 23. септември ќе ја претстави Nova 9 серијата, а се очекуваат најмалку два модела – Nova 9 и Nova 9 Pro. Претходните гласини сугерираа дека ќе изгледа слично како Honor 50 уредите и ќе го има истиот Qualcomm чипсет.

Сега имаме фотографии што ги прикажуваат овие телефони во живо. Тука е и потврдата ќе ги покренува Snapdragon 778G чипсет, со тоа што ќе имаат само LTE поддршка, бидејќи на Huawei не му е дозволено да користи 5G технологии развиени од американски компании.

Новиот 9 Pro беше забележан и на Geekbench, со ознака на модел RTE-AL00, каде што беше потврден Qualcomm чипсет, како и опција со 8GB RAM меморија. Тука е и поддршката за Android 11, што е изненадувачки со оглед на тоа што се очекува телефонот да користи Harmony OS 2.0, но можно е бенчмаркот да ги измешал идентификаторите.

Во претходните години, Huawei Nova серијата беше објавена на глобалните пазари и останува да видиме дали истото ќе се случи и со Huawei Nova 9 телефоните.