Претседателот на САД, Џо Бајден повлече серија претседателски декрети со кои неговиот претходник Доналд Трамп сакаше да забрани преземање на апликациите WeChat и TikTok и му нареди на Министерството за трговија да направи анализа на безбедносните ризици што ги носат тие и слични апликации.
Администрацијата на Трамп сакаше да спречи проширување на мрежата на корисници и да забрани други технички трансакции на две социјални мрежи во сопственост на Кина, кои оценија дека ова всушност значи нивно блокирање во САД.
Судот ги забрани претседателските декрети на Трамп, кои затоа никогаш не стапија на сила.
Посебната безбедносна проверка на TikTok започната кон крајот на 2019 година останува активна, изјави претставник на Белата куќа. Администрацијата останува многу загрижена за безбедноста на приватните податоци на корисниците на TikTok, додаде друг официјален претставник.
TikTok одби, а WeChat сè уште не ги коментираше вестите.
Со новиот декрет, Бајден ги укина указите на Трамп од август минатата година и уште еден од јануари, чија цел беа уште осум други комуникациски и финансиски апликации.