Капацитетот за складирање на хард дискот постојано се зголемува, но како што се зголемуваат нашите медиуми, ќе бидат потребни хард дискови кои можат да складираат уште повеќе податоци. Научниците веруваат дека графенот може да биде одговорот за овие уреди.
Според наводите, истражувачите од Универзитетот во Кембриџ развија нов хард диск со голема густина, кој има ултра тенок слој на графен. Се тврди дека овој хард диск може да складира десет пати повеќе податоци во споредба со сегашните водечки модели. Причината е тоа што графенот се користи за замена на делови на база на јаглерод, кои најчесто се користат на HDD.
Бидејќи графенот е материјал направен од слој на јаглерод со дебелина на еден атом, тоа им овозможува на овие дискови да имаат поголема густина на складирање од вообичаеното.
Ова не е прв пат графенот да се користи за подобрување на постоечките технологии. Во минатото, видовме како графенот може да се користи за подобрување на перформансите на звучникот и како графенските батерии можат да се полнат побрзо, но и да траат подолго.
Поврзани артикли