Минатата недела, услугата за претплата на Twitter беше лансирана во САД и Канада и се чини дека компанијата не застанува тука кога станува збор за напорите за заработка на популарната услуга.
Џејн Манчун Вонг на својот профил објави дека компанијата се подготвува да ја стави во функција следната платена функција, наречена „Super Followers“.
Super Followers беше најавен од Twitter во февруари оваа година и им овозможува на корисниците да заработат од своите сметки на Twitter и да создаваат твитови скриени зад платформата за претплатници. Претпоставка е дека Twitter ќе земе процент од оваа претплата.
Некои од барањата, за да можат да создадат сметка за Super Followers, се корисникот да има најмалку 10.000 следбеници и да има објавено 25 твита во текот на претходните 30 дена.
Некои од карактеристиките што корисниците можат да им ги дадат на своите Super Followers вклучуваат налепници и ознаки за да се издвојат од другите. Во моментов, Twitter бара од корисниците што сакаат да создадат сметка за Super Followers да аплицираат, заедно со информации за тоа каква содржина создаваат, пред да се одобри сметката.
Извор: Benchmark.rs