Microsoft подоцна во текот на јуни ќе одржи посебен настан, кој се однесува на Windows оперативниот систем. Се верува дека во текот на овој настан, покрај Windows 10 ажурирањето, би можеле да добиеме целосно нова верзија на Windows, под името Windows 11.

Microsoft се уште ништо не потврди официјално, но со оглед на тоа дека настанот кој се одржува на 24. јуни ќе овозможи увид во сите најбитни детали, тизер фотографијата која компанијата ја објави како најава на настанот, на многумина им служи како доказ дека се подготвува нова верзија на Windows.

Сега оваа тизер фотографија е достапна и за преземање, како позадина во висок квалитет. Оние кои ја очекуваат новата верзија на Windows, можат да го искористат овој Windows 11 wallpaper за да се пдоготват за доаѓање на новиот оперативен систем. Позадината е достапна во 4К резолуција.

Планираниот настан на Microsoft би требало да ни донесе и освежена верзија на се во рамките на Windows 10 платформата, а го носи кодното име Sun Valley. Се очекува редизајниран интерфејс и бројни нови функции, кои претходно се тестирани во рамките на Windows Insider програмата.