Третиот член на Vivo Y70 серијата е официјално претставен во Кина, а во прашање е Vivo Y70t.
Телефонот пристигнува со 6.53-инчен IPS LCD екран, во рамките на кој се наоѓа punch-hole отвор за 8MP селфи камера. Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа од страна на рамката, додека приклучокот за слушалки е сместен покрај USB-C портот. Системот на камери на задната страна се состои од 48MP главен сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Телефонот го покренува Samsung Exynos 880 чипсет, во комбинација со 6GB или 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање податоци, проширлив преку microSD картичка. Уредот го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 18W полнење. Оперативниот систем е Android 10, со FuntouchOS 10.5 интерфејс.
Основниот Vivo Y70t model (6GB/128GB) има цена од околу 235 долари, додека 8GB/128GB модел чини околу 265 долари. На крајот, најмоќниот модел од 8GB и 256GB има цена од околу 310 долари.
Поврзани артикли