Samsung официјално го претстави својот најнов буџетски телефон, кој овозможува 5G конекција – Galaxy A22 5G. Најновиот смартфон на јужнокорејската компанија има 6,6 инчен FHD+ дисплеј со засек во врвот и 90Hz освежување. Уредот го покренува осмојадрен MediaTek Dimensity 700 процесор, а уредот го напојува 5000mAh батерија со поддршка за 15W полнење.

Samsung ќе го нуди Galaxy A22 5G во неколку конфигурации, вклучувајќи 4GB, 6GB и 8GB RAM и до 128GB простор за складирање. Слотот за microSD картички ќе овозможи проширување на просторот за складирање до 1TB.

Во сегментот на камерите, на задната страна се наоѓаат три сензори: 48MP главен, 5MP широкоаголен и 2MP сензор за длабочина. За селфи и видео повици е достапна 8MP камера од предната страна. Сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа од страна на рамката.

Samsung Galaxy A22 5G ќе биде достапен од јули, по почетна цена од 230 евра, во сива, бела, зелена и виолетова боја.

Покрај 5G верзијата, Samsung ја претстави и 4G варијантата на телефонот, која го носи името Galaxy A22. Овој модел има 90Hz Super AMOLED дисплеј од 6.4 инчи. Телефонот го покренува MediaTek Helio G80 чипсет, а батеријата од 5000mAh има поддршка за 15W полнење.

Телефонот пристигнува со 4GB и 6GB RAM, односно 64GB и 128GB простор за складирање на податоци, но без опции за проширување преку microSD слот. На полето на камерите, Galaxy A22 има 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 13MP селфи камера.

Не се објавени информации за цената и достапноста на стандардниот Samsung Galaxy A22 телефон, кој ќе ги има истите опции на бои како и 5G моделот.