Воените беспилотни летала можат самостојно да летаат до местото на конфликтот, да изберат цел и да ја елиминираат без учество на луѓе во целиот процес, се вели во извештајот на Обединетите нации за инцидентот што се случи во Либија во март минатата година.
Обединетите нации наведуваат дека беспилотното летало „СТМ Карго-2“ за првпат било користено во Либија, и дека тие авиони пронашле и нападнале припадници на силите лојални на генералот Калифа Хафтар.
Вооруженото беспилотно летало „СТМ Карго-2“ е произведен од турската компанија СИМ и може да дејствува самостојно или да се управува од оператор. Производителот наведува дека овој авион може да „научи“ и да процесира снимки на потенцијални цели во реално време.
Сепак, во извештајот на ООН не е наведено дали има мртви во тој напад. Ако имало жртви меѓу војниците на Хафтар, тоа би бил прв случај во историјата дека машина со вештачка интелигенција убила човек.
„Ова оружје е програмирано да убива без контакт со операторот“, наведуваат Обединетите нации, без притоа да наведат дали беспилотното летало во моментот на нападот било управувано од човек или, пак, самостојно ја извршило задачата.
Поврзани артикли