Vodafone и Qualcomm Technologies ги здружија силите за да развијат технички план за повеќе снабдувачи на опрема за изградба на 5G мрежите, користејќи ја Open Radio Access Network технологијата (Open RAN).
Овој потег има за цел да ја намали влезната бариера за многу компании и да ја поттикне диверзификацијата на снабдувачите на мрежна опрема.
Референтните дизајни ќе бидат креирани да ги поддржуваат новите и воспоставени снабдувачи на мрежна инфраструктура, во обем да развиваат виртуелизирани, интероперабилни и модуларни 5G мрежи со високи перформанси. Ова има за цел да ја направи мобилната инфраструктура поиновативна и поконкурентна.
Клиентите ќе имаат корист бидејќи Vodafone и другите телекомуникациски компании го комбинираат хардверот и софтверот од избраните снабдувачи за полесно да ги прошират 5G мрежите во одредени географски области каде што се најпотребни. Денес, кога два или повеќе провајдери се користат во мрежата, секој од нив е распореден во кластер, а точките на кои се среќаваат често се најпредизвикувачки во однос на перформансите.
Сантијаго Тенорио, раководител на мрежната архитектура на Vodafone, рече: „Глобалните синџири на снабдување имаат потреба од разновиден и живописен екосистем на снабдувачи, за да ги задржи во движење во случај на недостаток на некој производ или ако единствениот снабдувач има потешкотии. Open RAN обезбедува поголема разновидност на снабдувачи, дозволувајќи им на уште многу мали провајдери да се натпреваруваат на светската сцена“.
Виртуелизираниот и Open RAN нуди значителна можност за 5G мрежите да бидат пофлексибилни и поекономични, трансформирајќи ги во платформа за иновации “, рече Дино Флоре, потпретседател за технологија во Qualcomm Европа.
Референтните дизајни, кои ги покренува Платформата за радио единици на Qualcomm со масивни MIMO можности и платформата за дистрибуирани единици на Qualcomm, се очекува да бидат објавени оваа година, а пробните испитувања ќе започнат во втората половина на 2022 година, по деталниот развој на софтверот.
Vodafone работи на конфигурации на паметни мрежни антени до 64T64R (64 антени за пренос и 64 за прием помеѓу базната станица и уредот на корисникот) за да се обезбеди дека има голем капацитет за поврзување на повеќе корисници во кое било време од денот.
Ова е голема стратешка пресвртница во забрзувањето на усвојувањето на Open RAN во Европа. Oбјавата доаѓа само три месеци откако големите европски мобилни оператори се здружија да го забрзуваат прифаќањето на Open RAN технологијата, во обид да ги следат стапките на нивните колеги од Северна Америка.
Нацртот креиран од Qualcomm и Vodafone ќе им помогне на мобилните оператори да ја гарантираат модуларноста на инфраструктурата, да го избегнат заклучувањето на снабдувачите, и ќе им ја олесни замената на мрежните елементи без страв од загрозување на перформансите на мрежата“, истакна Малик Саади, потпретседател на советодавната компанија за глобалниот технолошки пазар, ABI Research.
ABI Research предвидува дека испораките на Open RAN во Европа ќе надминат 40 проценти од вкупната RAN опрема воведена во 2026 година. Испораките на Open RAN MaMIMO во регионот ќе надминат 25 отсто од вкупната MaMIMO опрема применета во 2025 година.