Американската вселенска агенција долго време се подготвува за лансирање на вселенскиот телескоп James Webb, но лансирањето закажано за 31 октомври повторно е одложено.
Новиот датум нема официјално да биде потврден до летово или есента, а тоа зависи од неколку фактори меѓу кои се и транспортот на телескопот, подготовката на ракетата и местото на лансирање.
По интензивното тестирање, NASA и компанијата Northrop Grumman се сè поблиску до транспорт на телескопот, што би требало да се случи кон крајот на август.
Откако телескопот ќе пристигне во Француска Гвајана, ќе бидат потребни 55 дена подготовка за лансирање. Тоа би значело дека лансирањето може да се очекува најрано кон средината на ноември.
Постојат и проблеми со ракетата што ќе се користи за лансирање, не е користена од август минатата година поради проблем којшто е наводно решен со редизајн. Тестирањето е закажано за јули и август за да се извршат потребните проверки, а секогаш постои и можности за нови одложувања.
Извор: Klix.ba