Моделите од претстојната iPhone 2021 серија, според наводите, ќе имаат поголеми батерии од своите претходници од 2020 година.

Според најновите гласини, кои пристигнуваат од Кина, iPhone 13 mini ќе има 2406 mAh батерија, додека iPhone 13 Pro Max ќе има 4352mAh капацитет на батеријата.

Само за споредба, iPhone 12 mini има 2227mAh батерија, iPhone 12 и 12 Pro користат 2815mAh батерии, додека iPhone 12 Pro Max има 3687mAh капацитет.

Ова не е прв пат да се појавуваат гласини за зголемување на ќелиите на батериите кај iPhone 13 семејството во однос на iPhone 12 линијата, но овој пат ги имаме актуелните капацитети на батериите. Доколку овие информации се испостават како точни, фановите на iPhone ќе бидат задоволни со новите измени.