Секоја минута се користат и фрлаат три милиони заштитни маски во светот, а многу завршуваат во природата и претставуваат вистинска еколошка бомба, пишува „Фанпејџ“.

Заштитните маски се направени од пластични полимери, кои во природата шират таканаречени микро- и нанопластични честички, со дијаметар помал од пет милиметри. Микропластиката, вклучително и оние формирани со распаѓање на заштитни маски, оставаат токсични материи како што се тешки метали во природата.

Организациите за заштита на животната средина предупредуваат дека, бидејќи нема упатство за одложување и отстранување на заштитните маски, опасноста од понатамошно загадување на животната средина расте.

Весникот потсетува на претходните научни истражувања, кои покажаа дека 14 милиони тони микропластика завршуваат на морското дно, загадувајќи ги најоддалечените делови на планетата, како што е Антарктикот и најголемите морски длабочини.

Микропластиката од морето честопати завршува во телата на морски животни, вклучувајќи ги и оние што ги јадеме.

Друга студија потврди дека јадејќи морска храна, внесуваме пет милиграми микропластика во нашето тело секоја недела, што е исто како да јадеме ситно мелена кредитна картичка еднаш неделно.

Во Италија, користените заштитни маски завршуваат заедно со другиот отпад, но со оглед на количината, некои специјализирани компании веќе работат на изработка на специјални контејнери, така што и заштитни маскике можат да се рециклираат бидејќи се изработени од пластика.