Дали вакцините против коронавирус влијаат на менструалниот циклус или пак на плодноста? Овие прашања биле предмет на научно истражување на Универзитетот во Илиноис, откако многу од жените нивното искуство го споделиле на социјалните мрежи.
Дали вакцините против коронавирусот предизвикуваат болни менструации?
Научниците тврдат дека ова прашање моментално е невозможно да се одговори. Врската меѓу имуниот и репродуктивниот систем кај жените позната е од претходно. Дали вакцините ја поттикнуваат таа врска, треба да се истражи потемелно.
Пред сè треба да се потсетиме на тоа дека на менструалниот циклус влијаат мноштво фактори: стрес, исхрана, болести… Тешко е да се процени колкава е улогата на тоа од страна на вакцините, доколку претходно не се направат посериозни истражувања.
Факт е дека ниту за претходните вакцини кои наголемо се во примена, како на пример онаа за ХПВ и рубеола, нема податоци за тоа дали истите влијаат на менструалниот циклус. Едноставно – такви податоци не се истражувани.
На кој начин вакцините и имуниот систем влијаат на менструалниот циклус?
Како што објаснуваат од Универзитетот во Илиноис, вакцините против Ковид-19, како и останатите вакцини, помагаат да создадеме молекули кои се нарекуваат цитокини и интерферони.
Од претходно е познато дека ендометриумот на матката содржи рецептори кои реагираат токму на тие молекули. Покрај тоа, матката е орган со изразен имунолошки одговор, па не може да се исклучи можноста дека вакцините не предизвикуваат никакви промени.
На пример, доколку сакате да забремените, организмот мора да го натера имуниот систем да ја забави својата работа. Дури тогаш ембрионот може да се „всади“ во матката.
За таквата промена заслужни се хормоните кои го регулираат и менструалниот циклус кај жените. Врз основа на тоа, може да се постави теза дека одговорот на имуниот систем на вакцината ги поттикнува и природните одговори во репродуктивниот систем и на некој начин ги нарушува во одредена мера.
Има ли причина за загриженост?
Научниците сметаат дека причини за грижи нема. Па, дури и доколку се утврди дека вакцините навистина влијаат на менструалниот циклус, тоа влијание би било еднакво како кај оној којшто има обична настинка.
А, секоја една жена барем еднаш во животот имала настинка за време или пак непосредно пред менструалниот циклус. Притоа, таа врска би постоела само еднаш во текот на еден циклус, а веќе во наредниот репродуктивниот систем би функционирал без никакви проблеми.
Заклучок: Научниците истакнуваат дека нема потреба за грижи дека вакцините против Ковид-19 можат да предизвикаат неплодност.
Извор: Srbija Danas
Поврзани артикли