Епидемиолозите во Белгија алармираат дека целта на вакцинација на 70 отсто од населението не е доволна за да се запре епидемијата од COVID-19.

Во интервју за весникот Het Nieuwsblad, епидемиологот Пјер Ван Дам од Универзитетот во Антверпен посочи дека за ефективно спречување на инфекциите треба 80 проценти од нсаселението да се вакцинирана.

Повеќе други епидемиолози во Белгија се придружија кон оваа научна проценка.

Главна причина за овој став е дека вирусот брзо мутира, а вакцините не се 100 отсто ефикасни.

– Знаеме дека 70 отсто нема да биде доволно за да се стави вирусот под контрола, затоа мораме да целиме кон повеќе, стапка на вакцинираност од 80 отсто би требало да е изводливо, истакна Ван Дам.