Набрзо откако OnePlus го навести својот најнов Nord уред, извештајот на сајтот Android Central укажа на некои спецификации на OnePlus Nord CE 5G телефонот.
Според наводите на сајтот, Nord CE 5G ќе користи Snapdragon 750G чипсет, што е малку послаб од Snapdragon 765G чипот, кој го покренуваше Nord од првата генерација.
Останатите спецификации, наводно, ќе вклучуваат 6,43 инчен AMOLED дисплеј со брзина на освежување од 90Hz, главна камера од 64MP и две секундарни камери. Од предната страна може да се најде 16MP селфи сензор.
На крајот, извештајот споменува дека OnePlus Nord CE 5G ќе има дизајн како OnePlus 9 серијата, така што може да се очекува троен систем на камери во горниот лев агол на панелот на задната страна.
OnePlus ќе го претстави новиот телефон од средната класа на 10 јуни, додека официјалната продажба почнува на 16 јуни.
Поврзани артикли