Пред неколку недели се појавија извештаи дека Twitter работи на услуга за претплата, наречена Twitter Blue, која би може лада чини три долари месечно. Се чини дека овие гласини би можеле да бидат вистинити, а беа потврдени токму на Twitter, според наводите на Jane Manchun Wong.
Вонг објави на дека Twitter можеби веќе јавно го потврдил постоењето на програмата за претплата, наречена Twitter Blue, така што го вклучи во in-app купувањата за iOS App Store, каде што има цена од 3 долари месечно. Според наводите, некои од функциите што корисниците можат да ги очекуваат вклучуваат избор помеѓу различните теми во боја и икони за апликациите.
Другите функции на услугата беа споменати порано, како што е можноста за отстранување на твит, фолдер за колекција на bookmarks, фолдер за чување на омилените твитови и друго.
Twitter веќе подолго време работи на алтернативни начини за заработка на својата платформа и се чини дека Twitter Blue би можел да биде едно од решенијата. Претходно, се зборуваше за можноста Twitter да им дозволи на корисниците да им даваат бакшиш на луѓето што ги следат, и тука е и опцијата корисниците да создадат „paywall“ за твитови, кои ќе ги гледаат само нивните претплатници.
Поврзани артикли