Покрај Galaxy Tab S7 FE 5G моделот, Samsung претстави уште еден таблет – Galaxy Tab A7 Lite. Таблет уредот е достапен само во Wi-Fi и 4G варијанти, а во двата случаи е помал и поевтин во споредба со Galaxy Tab A7 10.4 (2020).
Tab A7 Lite има 8,7 инчен LCD екран, со резолуција 1340 x 800p (15:9). Задниот дел е креиран од метал, но самиот таблет е прилично лесен (366 грама) и тенок е 8 мм.
Овој таблет го покренува Helio P22T чипсет (MT8768T), кој има осум Cortex-A53 јадра и PowerVR GE8320 GPU. Основната конфигурација има 3 GB RAM и 32 GB простор, а постои и модел со 4GB меморија и 64GB простор. Складирањето може да се прошири до 1TB преку microSD слот.
Таблетот има батерија од 5100mAh, а се полни преку USB-C порт (2.0) со брзина од 15W (полначот не е достапен во пакувањето). Двете верзии на таблетот имаат поддршка за Wi-Fi 5, Bluetooth 5.0 и GPS. Стерео звучниците нудат поддршка за Dolby Atmos, а присутен е и приклучок од 3,5 мм.
На задната страна има камера од 8MP со автофокус и 1080p/30 fps снимање на 4K видео, а од предната страна се наоѓа 2MP селфи камера.
Samsung Galaxy Tab A7 Lite ќе се нуди во Европа преку веб-страницата Samsung.com, од средината на јуни. Цените изнесуваат околу 170 евра за моделот само со Wi-Fi и околу 200 евра за LTE варијантата.