Samsung ја прошири својата all-in-one Smart Monitor линија со два нови модела. Покрај 27-инчниот и 32-инчниот монитор, кои се објавени минатата година, јужнокорејската компанија сега нуди и 43-инчен 4K M7, како и 24-инчен 1080p M5 модел.

Како и претходно, новите монитори се дизајнирани како за продуктивност, така и за забава. Мониторите имаат вградени звучници, како и смарт ТВ функции кои ги покренува Samsung Tizen OS. Можно е да се користат стриминг апликации, да се поврзе Galaxy телефонот преку DeX функцијата и да се користи како десктоп PC.

Моделот M7 има далечински управувач кој се полни преку соларна енергија, а двата модела нудат Alexa, Google Assistant и Bixby гласовна контрола.

Samsung ветува и HDR10 можности за 43-инчниот 4K M7 модел. Останатите карактеристики на овој модел вклучуваат тенки рамки и USB Type C порт. Кога е во прашање 24-инчниот 1080p M5 модел, според наводите на Samsung, тој им е наманет на корисниците кои бараат добар, мултифункционален монитор по достапна цена.