Јапонците се одлучи да ја освојат Месечината со својата најнова технологија – во 2022. година на Месечината ќе испратат робот со големина на тениско топче кој ќе ја истражува површината на земјиниот сателит.
Зад малиот ровер стојат група на компании кои го развиваат за Јапонската агенција за вселенски истражувања JAXA, а меѓу нив се и Sony и компанија која се занимава со развој на играчки – Tomy Company.
Малиот ровер би требало да се тркала по површината на Месечината, да направи фотографии и да собира податоци за прашината на Месечината – супстанца која претставува проблем за луѓето и електронските уреди.
Иако од JAXA не објавија премногу информации за роботот затоа што се уште е во фаза на развој, тоа што е познато е дека ќе има дијаметар од 8 сантиметри и ќе се состои од сфера која ќе може да се отвори за да се движи на Месечината со помош на две тркала. Тежи само 250 грама, а ако се докаже во својата прва лунарна мисија, би можел да има клучна улога во другите мисии за истражување на Месечината.
Трансформацискиот лунарен робот ќе биде доста компактен и лесен робот, порачаа Јапонците во соопштението до медиумите.
Извор: Klix.ba