Следниот телефон од средниот сегмент на компанијата OnePlus ќе го носи името Nord CE 5G, каде CE означува “Core Edition”. Ова официјално го потврди Извршниот директор на компанијата Пит Лау.
Новиот модел на телефон ќе биде претставен на 10. јуни, а ќе биде објавен во Европа и Индија. Деталите за уредот и натаму се непознаница.
Кога е во прашање OnePlus Nord N200 5G, тој ќе биде ексклузивен за пазарите на САД и Канада. Овој модел ќе биде наследник на минатогодишниот Nord N100. Nord N200 5G нема да биде објавен на 10. јуни, туку нешто подоцна.
Со оглед на тоа што претставниците на OnePlus сакаат да објавуваат тизери на новите уреди, сигурно е дека повеќе детали за OnePlus Nord CE 5G и Nord N200 5G миделите ќе имаме во следниот период.
Поврзани артикли