Во рамките на својот најнов финансиски извештај, Samsung суптилно потврди дека многу очекуваните Galaxy Note20 и Galaxy Fold 2, според планираното се очекуваат во втората половина од оваа година.

За втората половина од годината, и покрај несигурноста вклучувајќи и можноста за продолжена пандемија, се очекува дека пазарната конкуренција ќе се засили, бидејќи производителите се трудат да се опорават од проблемите од првата година. Компанијата Samsung ќе продолжи да нуди различни производи во премиум сегментот, со објава на нови флексибилни и Note модели“, истакнуваат од Samsung.

Иако во најголема мерка тоа и се очекуваше, оваа изјава секако служи како добра потврда со оглед на актуелната состојба на пазарот и недоумиците кои можат да се појават во екот на пандемијата на коронавирус.

Според неодамнешните гласини, Samsung ќе ја задржи традицијата на објава на најновата Galaxy Note серија паметни телефони во текот на август. Тоа значи дека Galaxy Note20 серијата ќе дебитира за неколку месеци.