Се очекува дека Meizu ќе го претстави својот Pro 7 телефон овој месец, а протекоа и први фотографии од уредот. Сликите прикажуваат панели на задниот дел, а сигерираат дека телефонот ќе има две камери и секундарен екран.

Вториот дисплеј најверојатно ќе се користи за известувања, како оној што го користат другите телефони. Претходните гласини сугерираа дека Meizu Pro 7 стигнува со 5,2-инчен екран и 6 GB RAM.

Други детали за телефонот не се познати во овој момент, а повеќе детали ќе дознаеме кога Meizu Pro 7 ќе биде официјализиран во текот на овој месец.

ИЗВОР: TweakTown