Компанијата Microsoft не зборува за своите големи планови за Windows оперативниот систем на овонеделната Build 2021 конференција, бидејќи се подготвува за посебен настан посветен за тоа.
Директорот на Microsoft, Сатја Надела, откри дека веке неколку месеци се тестира новата генерација на оперативниот систем Windows.
„Наскоро со вас ќе ја споделиме една од најзначајните надградби на Windows во изминатите десет години и на тој начин ќе отклучиме поголема економска можност за девелоперите и креаторите. Многу сум возбуден поради следната генерација на Windows”, изјави Надела.
Microsoft работи на нова продавница за апликации за Windows во изминатите неколку месеци, како и на некои значајни промени на интерфејсот на оперативниот систем. Се чини дека Надела зборува за промените на продавницата, ветувајќи дека ќе биде покорисна за програмерите и креаторите.
Microsoft веќе претходно најави промена на системсите икони, подобрувања на File Explorer, подобрување на основните темели на Windows, решенија за различните проблеми, меѓу кои се аранжирање на апликациите на повеќе монитори, додавање на Xbox Audio HDR можности, подобрување на Bluetooth аудио поддршката и друго.
Извор: Klix.ba