Благодарение на информациите кои ги објави дојавувачот Џон Просер, имаме ран увид во следниот Mac Mini компјутер на компанијата Apple. Објавените фотографии се засноваат на првобитните гласини за уредот.
Овој компјутер би требало да биде многу помал благодарение на употребата на следната генерација на чипот на Apple – M1X. Новиот Mac Mini би можел да користи четири USB 4.0/ Thunderbolt 3 type-C портови, два USB-A порта, ethernet, HDMI порт, како и магнетен конектор за напојување, кој Apple го претстави со M1 iMac.
Се сугерира дека Apple може да го објави Mac Mini во текотр на својата WWDC конференција, која почнува на 7. јуни. Покрај него, се очекуваат и редизајнираните 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro модели. Сите три уреди би требало да ги покренува новиот M1X/M2 чип на Apple, со осум јадра со високи перформанси, две ефикасни јадра и до 64GB RAM.
Поврзани артикли