Писмото на познатиот физичар Алберт Ајнштајн кое ја содржи познатата равенка E=mc² е продадено на аукција за 1,2 милиони долари.
Ајнштајн го напишал писмото со својот ракопис, вклучувајќи ја равенката, а тоа на аукцијата одржана на 20. мај е продадено за 1,2 милиони долари. Тоа е многу повеќе во однос на проценка, бидејќи првобитно се веруваше дека новиот сопственик ќе издвои околу 400.000 долари.
Ајншајн го напиша писмото 26. октомври, 1946. година како одговор на прашалникот на др. Лудвик Силберштајн, полско-американски физичар кој бил познат по оспорувањето на теориите на Ајнштајн.
Светски познатата равенка е напишана во првиот ред на писмото.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли