OnePlus Y серијата достапни телевизори го доби својот најнов член. Компанијата во Индија го објави OnePlus TV 40Y1 од 40 инчи, кој им се придружи на постоечките модели од 32 и 43 инчи во рамките на серијата.
Како и претходникот, новиот OnePlus TV 40Y1 ја користи Android TV платформата, со Android 9 софтвер. Иако не се работи за најновиот оперативен систем, корисниците и натаму го добиваат Google Play Store за OnePlus TV, можност за вчитување на апликации од страна, вградени Chromecast можности и друго. Тука е и стандардниот Android TV интерфејс, со опционалниот OnePlus OxygenPlay UI.
На корисниците им е на располагање и Google Assistant копче на далечинскиот управувач на OnePlus TV 40Y1 уредот. Ова ќе овозможи користење на гласот за пребарување на содржини и контрола на телевизорот.
Новиот, 40-инчен OnePlus TV има тенки рамки, Full HD (1920 x 1080p) дисплеј и 93% screen-to-body однос. Тука е и поддршката за DCI-P3 93% спектарот на бои. Вградени се и 20W стерео звучници, со Dolby Atmos подобрувања.
За конекција се задолжени Bluetooth 5, 2.4GHz Wi-Fi, два HDMI порта, два USB приклучока, ethernet порт, како и оптилчки аудио порт.
OnePlus TV 40Y1 има цена од околу 300 долари, а во продажба ќе се најде од 26. мај преку Flipkart.
Поврзани артикли