Платформата X имаше проблем неодамна поради што некои фотографии беа неправилно означени како „неподобни“.

Одреден број корисници, кои објавија обични фотографии како книги, дрвја или автомобили на платформата X, забележаа дека нивната содржина е заматена и означена како „graphic content“.

Сопственикот на X, Илон Маск, го потврди проблемот, истакнувајќи дека „ботот за спам/измама на X погрешно ги означил нормалните сметки. Ова сега е поправено“.

Ова е само една од грешките што ја погодија платформата X во последните месеци.

Во декември оваа страница имаше најголеми проблеми откако ја презеде Маск, а речиси 100.000 корисници пријавија проблеми со нивната работа.

Упатените и аналитичарите веруваат дека сето ова е поврзано со намалувањето на работната сила во X, бидејќи Маск отпушти околу 90% од вработените откако ја презеде мрежата.

Намалувањето на работната сила и персоналот кои беа задолжени да работат на сајтот доведува до појава на багови и грешки, кои само се акумулираат.

Поранешен вработен на Твитер минатата година изјави за Business Insider дека губењето на „институционалното знаење“ ќе резултира со се поголем број технички проблеми.