Qualcomm и Google објавија дека ажурирањата за Neural Networks API ќе бидат испратени се испорачуваат со надградбите за Google Play Services. Ова ќе биде значајно за корисниците, кои повеќе нема да мораат да чекаат објава на нови телефони за да ги искористат предностите на најновите подобрувања на системот.
Qualcomm ги наведува Google Assistant и Google Maps како примери на апликации кои можат да станат „подобри, попаметни и поинтуитивни“ како резултат на овие ажурирања.
Независните програмери, кои ги имплементираат Neural Networks API, можат да бидат сигурни дека најголем број од поновите телефони со Android (т.е. оние со Snapdragon хардвер) ќе ја користат најновата верзија на платформата. Qualcomm не спомена конкретен датум за овие ажурирања, истакнувајќи само дека тоа ќе се случи подоцна во текот на годината.
Neural Networks API им овозможува на програмерите да применат некои од екстремно комплексните делови на Neural Network процесирањето на локалниот Android хардвер, што во позадина овозможува подобрувања на перформансите.