Интелигентното мрежно решение во облак на Huawei, на 15. април ja освои „Best of Show“ специјалната награда во областа на мрежната инфраструктура на Интероп Токио 2021, најголемиот јапонски саем за ИКТ технологија. Организацискиот одбор на Интероп го пофали решението на Huawei, истакнувајќи дека е „исклучително иновативно и пред времето“. Решението користи рутери кои се способни да овозможат над 1000 мрежни парчиња, забрзувајќи ја дигиталната трансформација во целата индустрија.
Интероп Токио е најголемиот и највлијателен ИКТ саем во Јапонија. Наградата „Best of Show“е главната награда на Интероп Токио. Неговото жири е составено од експерти во индустријата и врвни академици. Добитниците на наградата се најиновативните и технолошки напредни производи или решенија кои донесуваат висока комерцијална вредност.
Бидејќи глобалната дигитална економија продолжува да цвета, а дигитализацијата на индустријата се забрзува, облаците и мрежите се појавуваат како нови инфраструктури. Во овој контекст, преместувањето на критичните услуги во облак бара осигурување не само на голем капацитет, туку и на SLA искуство. Од развојот на интелигентното мрежно решение во облак во 2020 година, Huawei продолжи да иновира и да ја надградува оваа врвна понуда за забрзување на дигиталната трансформација на индустриите. Со симулирање на вистинските апликации во медицинската индустрија, ова решение ги покажа своите водечки способности на Интероп саемот: повеќенаменски транспорт на едно влакно заснован на хиерархиско сечење на мрежата, еднократен пристап до облак овозможен преку SRv6 базираните cloud патеки и брзо планирање со еден клик спроведено преку интелигентниот алгоритам на мапата во облак. Преку континуирани иновации, ова решение пружа диференцирано и прецизно осигурување на искуство за сите индустрии.
Интелигентна мрежа во облак: Се е поврзано за сеприсутната интелигенција
Бидејќи се повеќе индустрии се насочени кон прифаќање на облакот, приватните мрежи во индустријата треба да бидат изолирани, како и различните услуги во рамките на таквите приватни мрежи. За да ги задоволи барањата за повеќеслојна мрежна изолација, Huawei иновативно предлага хиерархиско сечење во своето интелигентно мрежно решение во облак. Оваа функција поддржува повеќе од 1000 исечени мрежни парчиња и овозможува дополнителна поддршка за деловите специфични за примена врз основа на индустриските парчиња, обезбедувајќи SLA осигурување и монетизација на искуството. Покрај тоа, iMaster NCE-IP пружа можности за визуелизација и управување за автоматска интелигентна идентификација на протокот на услуги, хиерархиско осигурување на носителот врз основа на сечењето и автоматско префрлање на облак засновано врз оптоварување. Интелигентниот алгоритам на iMaster NCE-IP и иновациите на облак-патеките базирани на SRv6 овозможуваат координирано планирање. Со оглед на тоа дека на секоја услуга може флексибилно да и се додели различна патека за пристап до облакот, што може автоматски да се оптимизира, се постигнуваат големи подобрувања во ефикасноста за пристап до облакот.
Надградба на NetEngine 8000 серијата рутери
NetEngine 8000 интелегентниот терминал во облак – целосно нов производ лансиран за интелигентно мрежно решение во облак – за прв пат дебитираше надвор од Кина. Тоа е прв CPE рутер во индустријата што поддржува сечење на 10GE мрежни портови и нуди изолација на повеќе услуги од страна на претпријатието преку повеќенаменски транспорт со едно влакно, овозможувајќи директно поврзување на излезот на претпријатието со приватните мрежи. NetEngine 8000 M14 – единствениот 300 мм длабок рутер во индустријата во облик на кутија – ја подобрува можноста за 400GE единечен порт и применува 400GE интерконекција на ShowNet. Понатаму, рутерите од NetEngine 8000 серијата успешно спроведоа интерконекција во смисла на меѓусебно поврзување на SR-MPLS и SRv6, како и SR-MPLS Flex-Algo, врз основа на реалните текови на услуги на ShowNet во целосна согласност со најновите спецификации на протоколот.
Интелигентното мрежно решение во облак на Huawei интегрира апликации, мрежи и облаци. Интелигентно ги идентификува апликациите и пружа SLA уверување специфично за индустријата и апликациите. Со интелигентниот алгоритам на мапата во облак за координирање на облакот и мрежните ресурси, ова решение ви донесува лесно пристапна компјутерска моќ. Мрежата во облак, баш како и електроенергетската мрежа во втората индустриска револуција, ќе овозможи нов дигитален импулс за бројните индустрии и домаќинства.
Поврзани артикли