Во рамките на програмата, интернет гигантот ќе ги снабдува компаниите и со финансии и со информации.

Google почнува програма за помош на компании посветени на изработка на вештачка интелигенција, пишува „Tech News.

Во рамките на програмата, интернет гигантот ќе ги снабдува компаниите и со финансии и со информации. Финансиската поддршка ќе биде делумно обезбедена од фондот Google Ventures.

Програмата ќе ја води Ана Патерсон, досегашна потпретседателка на Google, на која една од главните преокупации и беше вештачката интелигенција.