Samsung го прошири своето портфолио телефони од Galaxy F серијата со нов модел, наречен Galaxy F52 5G. Се работи за првиот 5G телефон на компанијата во рамките на Galaxy F серијата.
Galaxy F52 5G користи 6,6-инчен FullHD+ TFT екран, со брзина на освежување од 120Hz и punch-hole отвор во горниот десен агол за селфи камерата од 16MP. На задната страна се наоѓа главната камера од 64MP, заедно со 8MP ултраширока, 2MP макро и сензор за длабочина од 2MP.
Телефонот го покренува Snapdragon 750G чипсет, со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Присутен е и microSD слот за проширување на просторот за складирање до 1TB.
На полето на софтверот, уредот користи Android со One UI 3.1 кориснички интерфејс. Galaxy F52 5G има и сензор за отпечатоци од страна на рамката, 3,5 мм приклучок, USB-C порт и батерија од 4500mAh со поддршка за 25W полнење.
Samsung Galaxy F52 5G има цена од околу 310 американски долари и моментно е во претпродажба во Кина во црнa и бела боја. Засега нема информации за евентуалната достапност на смартфонот на други пазари.
Поврзани артикли