Кина ги објави првите фотографии од Марс што ги направи нејзиниот ровер Zhurong.

Првата фотографија ја прикажува панорамата пред роботот кој се наоѓа на платформата за слетување, а на другата фотографија се гледаат соларните панели на роверот.

Zhurong на Црвената планета слета рано наутро во недела според времето во Пекинг, а со тоа Кина стана втората држава која успешно спушти ровер на површината на Марс.

Кинеските научници се надеваат дека роверот ќе биде функционален најмалку 90 марсовски денови. Zhurong е ровер со шест тркала, а се наоѓа на локацијата Utopia Planitia, терен на северната хемисфера.

Кинеската национална вселенска администрација (CNSA) ги објави фотографиите на својата интернет страница, како и кратки снимки во моментот кога капсулата користена за влез во атмосферата на Марс, ја напушта орбитата на сателитот Tianwen-1, кој го носеше роверот од Земјата.

Фотографиите од површината говорат дека сите процеси по слетувањето се извршени без проблеми. Тие ги вклучуваат соларните панели, кои ја обезбедуваат енергијата за роверот, извлекувањето на антената за комуникација со Tianwen-1 и контрола на мисијата во Кина, како и пружање на рампата по која наскоро ќе се движи Zhurong, кога ќе тргне во својата мобилна мисија.

Zhurong е многу сличен на американските ровери Spirit и Opportunity од 2000-те години, тежок е 240 кг, а на вискиот јарбол се наоѓаат камери кои создаваат фотографии и помагаат во навигацијата. Пет дополнителни инструменти служат за истражување на минерологијата на локалните карпи и општата природа на околината, вклучувајќи го и времето.

Меѓутоа, за разлика од американските, кинескиот ровер има ласерски алат кој овозможува проценка на хемискиот состав на карпите, но има и радар за барање заледена вода под површината.