Corsair објави дека се подготвува за следната генерација на меморија – DDR 5, новиот пост на својата веб-страница. Компанијата истакна дека DDR4 „одлично поминал“ со своите Dominator platinum RGB, Vengeance RGB PRO SL и Vengeance LPX мемориски сетови.
Но, следната генерација DDR5 мемориски стандарди е на пат и донесува значајни подобрувања за компјутерите денес, утре и во иднината. Corsair почнува со објаснување дека DDR5 ќе го зголеми ограничувањето на брзината на меморијата, која е на DDR4, се до огромниот DDR5-6400 со 51GB/sec пропусен опсег – во однос на DDR4-3200 и неговите 26GB/sec пропусен опсег.
И не само тоа, туку единствениот DIMM капацитет е прилично луд што се однесува до DDR5, каде можете да имате 128GB во еден модул… ова се неверојатни работи во однос на 32GB DDR4 и DDR3 со еден GB. Замислете 8 x 128 GB DDR5 меморија во компјутерот за вкупно 1TB RAM во системот.
Па, зошто ни треба баш DDR5? Комопанијата Corsair накратко објаснува: „Поголемиот пропусен опсег овозможува поефикасно користење на мемориската магистрала во системите со голем број јадра, додека погустите капацитети ќе му овозможат на вашиот систем полесно да се носи со задачите, што е одлично за стриминг и креирање содржини“.
Поврзани артикли