Sony во Јапонија претстави нов телефон под името Xperia 8 Lite. Во прашање е модел кој има исто куќиште и најголем дел од спецификациите на Xperia 10, кој е објавен во февруари 2019. година.

Xperia 8 Lite користи Snapdragon 630 чипсет, 6-инчен LCD панел со Full HD+ резолуција и 21:9 однос на страници. Системот на камери на задната страна е единствената разлика кога ќе се споредат спецификациите помеѓу Xperia 8 Lite и Xperia 10 моделот.

Sony во Xperia 8 Lite имплементираше 12MP f/1.8 главна камера и 8MP f/2.4 секундарна камера. Само за споредба, Xperia 10 има 13MP f/2.0 + 5MP f/2.4 сензори. Компанијата го истакнува и 2x оптичкото зумирање. Предната камера е сместен во голема рамка и има 8MP f/2.0 сензор.

Sony Xperia 8 Lite во Јапонија чини околу 280 долари, има 4GB RAM, 64GB простор за складирање, две опции на бои (бела и црна), а ќе почне да се продава од 1. септември.