Gigabyte ја претстави новата AERO Creator серија лаптопи со најновата 11. генерација на Intel Rocket Lake H45 процесори и NVIDIA GeForce RTX 30 серија графички карти. За разлика од штедливата верзија H35 на 4-јадрениот процесор до 8 thread-ови, новиот Intel Core i9-11980HK и lntel Core i7-11800H пристигнуваат со осум јадра, 16 логички процесори со потрошувачка од просечки 45W, обезбедувајќи и на новата AERO серија зголемување на перформансите од 25 проценти.
Gigabyte AERO серијата цели на пазарот на креатори со вградување на OLED екрани со супериорни карактеристики и двојна сертификација на калибрација на бои.
Верзиите AERO 15 OLED и AERO 17 HDR овој пат доаѓаат оптимизирани за подобра обработка на сликата, дизајн и извршување на останатите работи од областа на секојдневната работа на дизајнерите. Новите лаптопи не само што имаат подобар баланс помеѓу високите перформанси и мобилноста од круцијална важност за креаторите, туку и ја вклучуваат најновата верзија на процесор, кој го интегрира Thunerbolt 4 интерфејсот, потоа новата генерација PCIe Gen4 SSD дискови, како и Wi-Fi 6, што резултира со значајно унапредени перформанси и брзина на пренос на податоци.
Покрај тоа, новите AERO лаптопи имаат водечки екрани со два сертификата за калибрација на боите. Покрај X-Rite™ процесот на калибрација на бои, лаптопите поседуваат и Pantone® Validated сертификација за поверодостоен процес на креирање на содржини.
Повеќе информавии за новите gigabyte лаптоп компјутери можете да пронајдете на следниот ЛИНК.