Нови опции на Samsung SmartThings Find мрежи за наоѓање изгубени предмети
Компанијата Samsung Electronics објави дека неодамна лансираниот SmartThings Find екосистем и понатаму забрзано расте – оваа мрежа во моментот вклучува повеќе од 70 милиони уреди и ќе продолжи да се развива и да носи подобрени опции за приватност и ажурирања на гласовните команди. Ажурирањата, кои вклучуваат можност за наоѓање на изгубените предмети во непосредна близина со помош на Galaxy SmartTag премиум уредот, како и Bixby апликацијата, на корисниците им овозможуваат поголема контрола над поврзаните уреди од апликацијата SmartThings.
Една од најбрзо растечките услуги за лоцирање
SmartThings Find, една од најважните опции на SmartThings екосистемот, им овозможува на корисниците Galaxy уреди за брзо и лесно да ги најдат своите паметни телефони, таблети, паметни часовници и слушалки користејќи Bluetooth Low Energy (BLE) и UWB технологија. Исто така, оваа опција може да помогне во пронаоѓањето на лични предмети, како што се клучеви, торби и велосипеди, на кои е прикачен Galaxy SmartTag премиум Bluetooth уредот.
Сите кои користат SmartThings Find може да помогнат и на другите да ги пронајдат изгубените предмети со вклучување на апликацијата SmartThings. Од лансирањето на услугата во октомври 2020 година, регистрирани се повеќе од 70 милиони уреди, додека 700 милиони корисници на Galaxy паметни уреди се дел од SmartThings Find мрежата, што ја прави една од најбрзо растечките услуги за локација во светот.
Нови опции за поголема сигурност и практичност
Луѓето сè повеќе користат SmartThings Find за да ги следат предметите и работите што им се важни. Повеќе од половина од корисниците го прикачуваат својот Galaxy SmartTag премиум Bluetooth уред на клучевите од куќата или автомобилот, а после тоа и на ранците, паричниците и велосипедите. Од следната недела, корисниците на Galaxy уредите ќе имаат два нови додатоци во SmartThings Find апликацијата, што ќе го направи пронаоѓањето на предметите попрактично, но исто така ќе им даде мир на корисниците кога станува збор за нивната безбедност.
Samsung корисниците отсега ќе можат да го користат Bixby за лоцирање на предметите на кои се наоѓа Galaxy SmartTag, што значи дека барањето на изгубениот предмет може да започне со користење на сопствениот глас. На пример, ако корисникот праша „Здраво Bixby, каде ми се клучевите?“, Bixby веднаш ќе се јави и ќе ја сподели точната локација на клучевите со гласовно известување.
Покрај тоа, новата опција Unknown Tag Search може да открие Galaxy SmartTag уред кој не е во сопственост на корисникот, но се наоѓа во близина. Со притискање на копчето за стартување, Unknown Tag Search ги скенира непознатите SmartTag уреди и обезбедува список на истите, без да ја следи точната локација. Како и досега, сите кориснички податоци на SmartThings Find услугата се шифрирани и безбедно заштитени со случаен приватен ID код, кој се менува на секои 15 минути, осигурувајќи дека локацијата на уредот е позната исклучиво за сопственикот на уредот.