Twitter објави дека започна да ја тестира опцијата со којашто им овозможува на луѓето да им испраќаат пари на своите омилени корисници.

Сè уште не е достапна за секого. Според Twitter, во моментов се развива меѓу ограничена група на „креатори, новинари, експерти и непрофитни организации“. Сепак, секој што користи Твитер на англиски јазик може да испрати бакшиш на профилите кои ја имаат опцијата.

Корисниците ќе знаат дека функцијата им е достапна кога ќе ја добијат оваа информација.

Откако корисникот ќе активира Tip Jar на својот профил, ќе може да го поврзе со популарните платформи за плаќање како што се Cash App, PayPal, Venmo, Patreon и Bandcamp. Корисник што сака да испрати бакшиш ќе кликне на една од тие услуги и ќе биде пренесен во избраната апликација за да изврши исплата.

Twitter вели дека не зема дел од парите бидејќи трансакциите не поминуваат низ компанијата.

Иако Twitter им дозволи на големите издавачки компании да заработат пари од видео содржините преку реклами, ова е прв пат да им дозволи на редовните корисници да ги монетизираат своите содржини.

Другите платформи за социјални медиуми како YouTube, Twitch и Facebook веќе долго време им дозволуваат на многу корисници да ја монетизираат нивната содржина доколку постигнат одредени цели на гледаност или претплатници.