Откако е доминантен на пазарот на mirrorless камери, Sony изгледа тивко престана да ги продава своите A-mount DSLR фотоапарати. Меѓу првите тоа го забележа сајтот SonyAlpha, кој извести дека A68, A99 II и A77 II се отстранети од веб-страницата на Sony, каде е наведено дека „повеќе не се достапни“.

Веќе е прилично јасно дека Sony повеќе не е заинтересиран за производство на DSLR фотоапарати (изразот на Sony е DSLT поради фиксните проѕирни огледала), бидејќи последниот најавен модел беше A99 II од 42 мегапиксела уште во 2016. година. Единствената подоцнежна најава е адаптерот, кој на сопствениците на E-mount камери би им овозможил употреба на A-mount леќа.

Во меѓувреме, јапонскиот гигант драстично ги зголеми карактеристиките и бројот на mirrorless модели, како во full-frame категоријата, така и го категоријата на APS-C сензори. Тоа кулминираше со моделите како 61-мегапикселниот A7R IV со висока резолуција, 12 мегапиксели A7S III за видео и хибридниот 50-мегапикселен A1 модел. Во исто време, ривалите како Canon napravija големи чекори со mirrorless моделите, како EOS R5, истовремено оддалечувајќи се од DSLR производите.

Sony A-mount DSLR фотоапаратите (почнувајќи од A100) настанаа со стекнување на Konica Minolta, така што навистина изгледа како крај на една ера. За среќа, има за што да се радуваме во текот на следната година, вклучувајќи го и можното издание на Sony A7 IV, но и другите возбудливи фотоапарати кои доаѓаат од Nikon, Canon и други.