Новото научно истражување покажува дека лицата кои имаат недостиг од витамин Д се поподложни на зараза од коронавирус за дури 54 отсто.

Студијата на универзитетот Бост, објавена во научниот магазин „Plus One“ покажува дека пациентите во доба од 40 години или повеќе, кои имале доволна количина на витамин Д во организмот, имале 51 отсто помал ризик од смртност од коронавирус.

Витаминот Д стана една од најчестите здравствени и нутриционистички теми со оглед на пандемијата на новиот вирус. Иако се потребни повеќе научни студии пред да биде донесен конечен заклучок, она што е познато е дека витаминот Д е добар за имунитетот, а тоа е особено важно во овој период. Повеќето луѓе го поврзуваат овој витамин со сонцето и уште го нарекуваат и „сончев витамин“.

Витаминот Д е познат по важната улога во зглобовите и здравјето на мускулите. Најголемиот извор за човекот е сончевата светлина преку која се внесува дури 90 отсто од витаминот.

Недостатокот на витамин Д може да доведе до намалување на густината на коските, што пак доведува до остеопороза и чести кршења. Во ретки случаи, недостатокот може да доведе и до деформација на коските односно остеомалација.

Витаминот Д се внесува преку консумирање на помасни риби и морска храна, како и печурки, жолчки од јајце, млеко и црвено месо. Докторите препорачуваат и поминување повеќе време на отворено односно на сонце, кој е најдобар извор на витамин Д.