Основачот на Amazon, Џеф Безос е подготвен да испрати луѓе на патување во вселената.

Компанијата на Безос, Blue Origin соопшто дека со помош на ракетата New Shepard и својата капсула на 20. јули ќе испрати екипаж во вселената. Меѓу патниците веројатно ќе бидат вработените во компанијата, но едно место е резервирано за победникот на онлајн аукцијата. Летовите на ракетата New Shepard се осмислени за да можат патниците да извршат линиско патување горе-долу и кратко да бидат на височина над 100 километри. Тоа е таканаречената Karman Line линија.

„Само 569 луѓе досега ја преминало Karman Line линијата, а со нашата ракета New Shepard тоа ќе го промениме драматично“, изјави директорката на Blue Origin, Аријана Корнел.

Дали Џеф Безос ќе биде меѓу патниците, не сакаше да потврди, но тоа би можело да се случи.

Американскиот бизнисмен Елон Маск, исто така, планира во текот на есенра да го лансира својот SpaceX Dragonship со целосно цивилен екипаж, а капсулата ќе остане во вселената неколку дена.

Ракетата New Shepard е висока 18 и широка четири метри и може повторно да се користи за вертикални полетувања и слетувања.

Blue Origin очекува во иднина по седиште да заработува 200.000 долари, а можеби и повеќе, барем на почетокот на летовите во вселената.