Иднината на брендот MINI е електрична, а новиот уникатен Cooper SE Convertible покажува како размислува компанијата додека се движи напред.

Станува збор за уникатен и целосно функционален концепт со електричен мотор кој развива 181 КС и 270 Nm вртежен момент, што му овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 7,7 секунди. Се проценува дека досегот на кабриолетот е 230 километри.

Cooper SE Convertible ги дели димензиите со постоечкиот Cooper S Convertible модел и има волумен на багажникот од 160 литри, а во внатрешноста се уште има место за четири патници.

Преклопениот покрив се отвора и затвора за 18 секунди, а овој процес може да се изведе со брзина до 30 km/h. Возачот може да избере три опции за покривот, и тоа отворен, затворен и подвижен покрив.

Концептот ќе го има своето деби во САД за време на настанот MINI Takes the States, кој всушност е возење од Бурлингтон, Вермонт до Гринвил-Спатенбург, Јужна Каролина.

MINI моментално подготвува нова генерација на електричен Cooper.

Овој нов модел наводно нема да има ништо заедничко со конвенционалната верзија, а вкупната должина ќе биде малку пократка и покрај подолгото меѓуоскино растојание. Електричниот мотор се очекува да испорачува до 200 КС.

Електричното семејство на MINI треба да добие нов член, кој е електричен кросовер. Има шпекулации дека името Paceman ќе биде оживеано, но дека ќе биде автомобил со пет врати наспроти оригиналната итерација со три врати.