Премиум сегментот на Android таблет уреди веќе неколку годиние ограничен на само неколку Samsung и Huawei уреди, кои практично претставуваат единствени опции. Судејќи според новите информации откриени во MIUI 12.5 системските апликации од експертот за Xiaomi под псевдонимот kacskrz и XiaomiUI Telegram група, очекуваме најмалку три премиум Xiaomi таблет уреди, кои ги покренува Snapdragon 8 серијата мобилни процесори.

Новите информации се пронајдени врз основа на скриеното навигациско мени за за таблет уреди во алфа-верзијата на MIUI Home апликацијата. Изворниот код укажува на три различни уреди со кодни имиња „Nabu“, „Enuma“ и „Elish“.

 

По дополнително истражување, kacskrz пронајде дека бројот на модел Enuma завршува со K81, a Elish so K81A, што укажува на тоа дека би можеле да бидат две верзии на истиот уред. Enuma најверојатно поддржува и гласовни повици, што најверојатно значи дека поддржува LTE или 5G конекција.

Третиот уред со кодно име Nabu има број на модел кој завршува со K82, што укажува на целосно поинаков производ. Сите три таблет уреди нудат резолуција од 2560×1600 пиксели на IPS екрани со освежување од 120Hz и со 16:10 однос на страници. Протечените информации укажуваат дека Nabu има големина на дисплеј од 10,97 инчи.

Исто така, Nabu најверојатно го покренува Qualcomm sm8150 платформа, што може да биде Snapdragon 855, 855+ или 860 чипсет. Другите два уреда ги покренува sm8250 платформата, што одговара на Snapdragon 865, 865+ и 870 чипсет.