Американските воздухопловни сили почнаа да користат роботи за поефикасно чистење на борбените авиони, пишува Interesting Engineering.

Американската единица 149 Fighter Wing во Тексас тестираше и демонстрираше роботски систем специјално дизајниран за борбените авиони F-16. Системот е во фаза на концепт, а ако се покаже ефикасен и корисен во текот на тестирањето ќе почне да се користи и во други бази за чистење на воени авиони.

На роботот му е потребно еден час чистење на авионот, додека за истата работа се потребни неколку луѓе и повеќедневна работа.

Освен што чистењето е заморно, може да биде и опасно по здравје поради материјалите кои се користат во процесот на чистење, а кои може да наштетат на белите дробови и на кожата. Поради тоа луѓето мора да носат заштитни одела.

За авионите е потребно детално чистење на секои 180 дена. Чистењето е потребно поради спречување корозија, со што се продолжува животниот век на авионот. Нечистотијата и останатите материјали кои се лепат може негативно да влијаат на алуминиумот на авионот.

Роботите за чистење се развиени од компанијата Wilder Systems, а се дел од AFWERX иницијативата за иновации.

Извор: Klix.ba