Американската вселенска агенција NASA потврди дека мисијата Crew-1, чиј екипаж се врати од Меѓународната вселенска станица, поставилa нов рекорд кога станува збор за должината на мисијата на едно американско вселенско летало. Мисијата на Crew Dragon капсулата – Resilience, траеше 168 дена, a се врати на Земјата за време на викендот, со слетување во море во близина на Флорида. Претходниот рекорд беше поставен во февруари 1974 година од екипажот на Skylab, чија мисија траеше 84 дена.
Splashdown of Dragon confirmed – welcome back to Earth, @AstroVicGlover, @Astro_illini, Shannon Walker, and @Astro_Soichi! pic.twitter.com/jEVQMyOgQT
— SpaceX (@SpaceX) May 2, 2021
Ова беше и прво ноќно слетување за американското летало со екипаж од слетувањето на Apollo 8 во декември 1968. година.
Рекордот не е изненадување, бидејќи планирано е екипажот Crew-1 да помине околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица и да изведува различни експерименти, вселенски прошетки и други активности.
Мисијата на екипажот Crew-2, која почна неодамна, би требало да трае идентично.