Веб-прелистувачот на Microsoft, Edge заснован на Chromium од ден во ден е се попопуларен и тоа со добра причина. Браузерот доби неколку нови функции во текот на последните неколку месеци, што поттикна многу корисници да го напуштат Chrome na Windows и Android уредите. Само во последниот месец, Microsoft објави мноштво нови функции во прегледникот, вклучувајќи го новиот Kids Mode, ажуриран кориснички интерфејс на Android, нов режим на перформанси и многу друго. И се чини дека компанијата нема наскоро да запре.
Неодамна е забележана нова функција во најновото издание на Edge Canary (v. 92.0.873.0 за десктоп и 92.0.870 за Android), која на корисниците ќе им овозможи непречена размена на табови помеѓу Windows 10 и Android уредите. Сега Windows Latest воочи уште две функции без документи во истото издание. Според неодамнешниот извештај од публикацијата, Microsoft Edge 92 вклучува и интегриран Office Viewer и Windows Search. Двете нови функции се во развој веќе неколку месеци, а претходно на Canary каналот забележавме докази за интеграцијата на Windows пребарувањето во Edge 91.
Како што говори и самото име, Office Viewer во Microsoft Edge ќе им овозможи на корисниците да отворат Microsoft Word, Excel и PowerPoint документи директно во прегледникот. Функцијата е компатабилна со Windows и macOS верзиите на Edge, но моментно е во рана фаза на развој.
Поврзани артикли