Apple минатиот месец го најави AirTag тракерот и неговото пакување укажува дека требало да се појави многу порано, но производот бил одложен за повеќе од една година. Даниел од YouTube каналот ZONEofTECH постави фотографии кои покажуваат дека во AirTag кутијата се споменува 2020. година, а во кутијата од кожниот привезок дури и 2019. година.
Уредот за следење прв пат се споменува дека е во фаза на изработка во април, 2019. година, а MacRumors откри документи кои сугерираат дека Федералната комисија за комуникација го тестирала помеѓу јули и ноември, 2019. година.
Тоа имплицира дека производот бил подготвен за употреба веќе кон крајот на 2019. година и можел да биде најавен со iPhone 11, но Apple поради некоја причина го одложил неговото излегување на пазарот. Постојат неколку теории зошто е одложено лансирањето на AirTag.
So, the AirTag box says 2020.
The Leather Keyring says 2019.
First AirTag leak was back in 2019.
They’ve been ready for the past 2 years. pic.twitter.com/TgrAw3z4C6
— Daniel (@ZONEofTECH) April 30, 2021
Можно е дека Apple не гледал поента во објава на тракер, во времето кога поголем дел од iPhone уредите немале U1 чип, кој ја користи ултраширокопојасната (UVB) технологија за лоцирање на други уреди опремени со U1, како што е AirTag. Тоа се промени со пристигнувањето на iPhone 12, бидејќи му се придружи на iPhone 11, во овозможувањето на UVB технологијата.
Поврзани артикли