Њујоршката полиција се откажа од експерименталната употреба на роботскиот пес кој го произведе компанијата Boston Dynamics.

Причината за тоа се критиките кои следеа кога полицијата го презеде песот.

„Дoговорот е поништен и роботскиот пес ќе биде вратен. Тој е жртва на политиката, неинформираноста и евтините загризи. Луѓето најдоа начин да го направат зол“, изјави заменик-комесарот на љујоршката полиција Џон Милер.

Полицијата почна да го користи роботското куче под назив Digidog минатата година.

„Роботското куче ќе спасува животи, ќе ги штити луѓето и полицијата. Тоа е нашата цел“, рече порано во интервју Френк Дигиакомо од њујоршката полиција.

Роботот е користен повеќе пати, главно како камера во потенцијално опасни ситуации.

Но, многумина сметаа дека Digidog е симбол на растрошеноста и се поагресивната тактика во полицијата.

Членот на градскиот совет Бен Калос предложи на полицијата да ѝ се забрани поседување и вооружување на роботот. Сепак, роботскиот пес кој неговиот произведувач го нарекува Spot никогаш не бил воорушен, а тоа во секој случај би ги прекршило правилата за користење кои ги одреди комапнијата.

Околу 500 роботи досега се продадени или се изнајмуаат, а се користат во комерцијални и индустриски окружувања, но привлекуваат се повеќе внимание на властите и војската.

Француската војска нешто порано го тестираше роботското куче во текот на борбени вежби и тоа без знаење на Boston Dynamics.