Samsung вчера ги објави Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360 лаптопите, како и 15,6-инчниот Galaxy Book Odyssey. Компанијата денеска тивко во претпродажба пушти уште еден лаптоп.
Galaxy Book Flex2 Alpha е наследник на Galaxy Book Flex моделот и пристигнува во варијанти од 13.3 и 15.6 инчи. Екранот на лаптопот може да се ротира за 360 степени, има QLED панел со осветленост од 400 нита, 1920 x 1080p резолуција и поддршка за S Pen.
На корисниците им е достапен избор помеѓу Core i5-1135G7 или i7-1165G7 процеоср од 11. Генерација, со Intel Iris Xe графика. Лаптопот поседува и до 16GB LPDDR4x 4267MHz RAM и до 512GB SSD.
Селекцијата на портови ја сочинуваат еден HDMI порт, еден USB-C, два USB-A 3.2, microSD слот и приклучок за слушалки. Samsung ветува до 18 часа работа, благодарение на 54Wh батеријата која поддржува 40W полнење.
Samsung Galaxy Book Flex2 Alpha пристигнува со софтвер на компанијата – Samsung Gallery, Dex, Flow, Notes, Recovery, Update и друго.
Galaxy Book Flex2 Alpha ќе се испорачува од 17. мај, со почетна цена од 849 долари за 13,3-инчниот модел со Intel i5-1135G7 CPU, 8GB RAM и 256GB складирање. Цената оди до 1049 долари за моделот со i7-1165G7 CPU, до 16GB RAM и 512GB простор.
Поврзани артикли